Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина.

Објавил: Владо Марин | 2 ноември, 2020 19:22

За оние кои НЕ знаат што значи да се биде на РЕСПИРАТОР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.

Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина.

Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни а машината живее и дише за вас.

Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.

После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40% од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.

Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации.

За разлика пак од респираторната машина, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 25-30 денари, не се интубираат,се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...