Информациите на Викиликс, иако објавени пред една година, и грчките и македонските владини партии ги злоупотребуваат врз гробот на покојниот претседател Глигоров

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 6:41

За СДСМ и покоен Глиговор ќе гласа “за”?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Извештајот, кој го објавува Викиликс датира од 5-ти ноември, и е со наслов: Глигоров бара храбро лидерство и решение на спорот за името. 

Документ за спорот со името објавува Викиликс, а го пренесува грчкиот весник  Та Неа. Се работи за извештајот од средбата што ја имале поранешниот македонски претседател, Киро Глигоров и американскиот амбасадор Филип Рикер, кој на 3-ти ноември 2008-ма дошол да го посети Глигоров.

На средбата, Глигоров, иако во својата 91-ва година од животот, ја коментирал тогашната политичка ситуација во Македонија и неговите ставови за иднината. Разочаран бил од тогашната власт на која, според него, и недостига храброст што се однесува за напорите да се затвори проблемот што Грција го има со името на нашата земја.

Според Глигоров, тогашната власт постојано се крие зад волјата на народот, наместо да води и да ја турка земјата кон позитивни промени.

Глигоров му кажал на Рикер дека Македонија мора да сфати дека не е центар во политичкиот универзум на САД, ЕУ и НАТО, и мора да прифати дека волјата што ја имаат меѓународните организации да помогнат во спорот, има свои граници, се вели во најновиот документ. 

Верувал дека Македонците ќе прифатат компромис со името, но, црвените линии за него биле јазикот и идентитетот да останат македонски. 

Весникот коментира дека со Договорот од Преспа она што Глигоров го сметал за црвени линии е зачувано. 

Она што е премолчено е фактот што Киро Глиговов во 2008-ма година скоро е декада во пензија, а се изоставени и разузнавачките информации, кои лично Глигоров ги потврдува, дека Грција во посредство на Љубомир Данаилов Фрчкоски му нуделе мито во милиони долари за време на мандатот претседател, само да прифати продажба на името и националниот идентитет, кои тој ги одбил.

Но за време на предреферендумска кампања, најгромогласен е гласот на мртвите, па така и Грција и СДСМ користат фрагменти со кои сакаат да покажат дека го следеле ликот и делото на Глигоров, кој според нив, би гласал на претстојниот референдум.

Но СДСМ имаат и жив, поранешен претседател. Но никој не го прашува Бранко Црвенковски што тој мисли за референдумот, иако како поранешен претседател, има обврска да го сподели својот став со јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.