Самостојна, независна и суверена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – напиша Стоилов и “заработил“ над илјада лајкови.

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2019 17:05

ЗА СТОИЛОВ НЕ ПОСТОИ СЕВЕРНА: “Самостојна, независна и суверена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

Македонската ракометен шампион и капитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов, испрати јасна честитка по повод Денот на независноста на нашава држава.

Тој на социјалните мрежи напиша статус со кој го честита празникот на сите граѓани на Република Македонија.

Самостојна, независна и суверена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – напиша Стоилов.

Стојанче Стоилов е македонски ракометар кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.