На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Објавил: Владо Марин | 7 септември, 2020 6:38

Република Македонија утре одбележува 29 години независност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонија годинава ќе одбележи 29 години од својата самостојност и независност.

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г.

Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност.

Македонија годинава ќе одбележи 29 години од својата самостојност и независност.

Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана.

Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Соборот независност прогласила и Хрватска. На 6 мај избиле нереди, а потоа дошло и до престрелки во и околу поморската база „Лора“ во Сплит. Прва жртва на немирите бил војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба.

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓаниодносно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот.

Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.