Оваа година, Македонија одбележува 29 години од независноста кога на спроведениот референдум на 8ми септември 1991 година,  македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 септември, 2020 14:48

Утре е 8- ми септември неработен ден за сите граѓани- следуваат уште два споени викенди!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре е 8 ми септември, државен празник Денот на независноста а според законот за празници е неработен ден за сите граѓани.

Оваа година, Македонија одбележува 29 години од независноста кога на спроведениот референдум на 8ми септември 1991 година,  македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Тогаш 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

До крајот на годината остануваат уште три неработни денови за сите граѓани на нашата земја. Од нив два се споени викенда, а еден исто така паѓа во вторник.

За сите граѓани на РМ
11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.