Поранешниот амбасадор на Македонија, министер за правда на Македонија и професор на државниот правен факултет во Македонија, Спасов, смета дека Северна не е важна промена

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 8:24

За Ѓорги Спасов, промената на името не е ништо важно и драматично

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Уставните измени ќе и помогнат на државата да го остави минатото и да оди напред a предложените амандмани го гарантираат правото на самоопределување, додека јазикот останува македонски.

Ова го потенцираше премиерот Зоран Заев на синоќешната последна јавна дебата за уставните измени, што се реализираше во Штип.

Според него, Грција не подготвува анекс на Договорот во врска со јазикот, но повика на внимателност во реториката и во Грција и во Бугарија.

На дебатата присуствуваа Маргарита Цаца Николовска, меѓународен судија во Босна и Херцеговина и Ѓорѓи Спасов универзитетски професор.

Професорот Ѓорѓи Спасов вели дека четирите амнадмани се кратки и јасни.

Токму овие амандмани, кои се вкупно четири и кои се сосема кратки и сосема јасни, кажуваат дека ништо важно и драматично не се менува во нашиот Устав. – вели Спасов.

Од идеи споменикот Воин на коњ да се се пресели во Атина, до прaшања зошто НАТО се поврзува со подобар живот, до конкретни предлози за текот на амандманите, помина дисуксијата од страна на граѓаните. Заев е оптимист дека за гласање на уставните измени ќе го обезбедат потребното двотретинско мнозинство во Парламенот.

Последната седница е закажана кон средината во јануари за уставните измени.

*Ѓорѓи Спасов е македонски политичар, дипломат и универзитетски професор. 

Од 1994 до 1997 година бил амбасадор на Македонија во Бугарија, а од 1996 година и амбасадор во Молдавија.

Од 1997 до 1998 година бил министер за правда на Владата на Македонија.

Од 1999 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Македонија и професор на Правниот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Од 2003 до 2007 година бил амбасадор на Македонија во Велика Британија, Ирска и Исланд. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести