Здружението на новинарите на Македонија во денешното соопштение го осудува начинот на однесувањето на министерот за економија, Крешник Бектеши кон новинарката Милка Смилевска и дека министрите треба да знаат дека новинарите се гласот на јавноста.
Здружението на новинарите изјавуваат дека ова не е прв случај на непримерно однесување на министрите од оваа влада.
На прашање кое му беше поставено од страна на Милка Смилевска, на кој начин неговата сестра се вработила, баш во тој моментот кога тој станал министер, тој грубо одговори дека “зошто новинарите работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други”?
Го повикуваат премиерот Зоран Заев да разговара со своите избрани министри, бидејќи ваквите однесувања се непримерни и директно ја загрозуваат слободата на медиумите.
-Го потсетуваме министерот Бектеши, но и останатите министри во Владата дека новинарите се гласот на јавноста и нивна работа е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека министрите треба да дадат одговори на тие прашања.
Ова особено важи во случаи кога има сомнежи за злоупотреба на должноста од страна на функционери во власта.
Ова не е прв случај на непримерно однесување на министрите на оваа влада. ЗНМ веќе реагираше на етикетирањето и притисоците кои беа извршени врз новинарите од страна на други владини министри, изјавуваат од ЗНМ.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е официјалното здружение на професионалните новинари од Република Македонија и членка на Меѓународната федерација на новинари.
Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија. Сегашен претседател е Насер Селмани, новинар на „Вест“. Здружението секоја година ги доделува новинарските награди „Крсте Мисирков“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.