Каналот „Вишеград24“ прашува кој сега е неонацистот

Објавил: Македонка Димкин | 15 септември, 2023 20:48

Зеленски за дa оправда дека не бил неонацист, се сретна со Рабини

Фото/Текст извор: ©Вишеград24

Се шпекулира дека на Нетанјаху му одговара да се сретне со Зеленски на маргините во ОН, а не на средба од повисок тип, за да не ги наруши односите на Израел со Русија. Претходно во јуни, украинската амбасада во Израел ја обвини земјата за „блиска соработка“ со Русија.

Каналот „Вишеград24“ на социјалната мрежа Х ја коментираше средбата на украинскиот претседател Володомир Зеленски со рабини и израелски војници во својата палата во Киев. Коментарот се однесуваше на претходен шокантен коментар на рускиот лидер Владимир Путин кој во интервју тврдеше дека Зеленски бил „намерно бил поставен во Украина“ поради неговото еврејско потекло „за да го прикрие неонацизмот“.

Каналот „Вишеград24“ прашува кој сега е неонацистот по средбата и иронично пишува:

Ова е „неонацистичкиот“ лидер на „нацистичка Украина“ според руските пропагандисти… Украинскиот претседател, кој и самиот има еврејски корени, се среќава со лидерите на еврејските заедници во Украина во пресрет на (празникот) Рош Хашана“.

На средбата, Зеленски ги награди еврејските војници со Орден за храброст им се заблагодари на водачите на еврејските заедници во Украина за нивната поддршка за време на целосната руска инвазија. Главните рабини на големите украински градови зборуваа за придонесот на нивните заедници во хуманитарните напори и реконструкцијата на земјата.

По успешната средба на Зеленски со рабините најавена е и негова средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации(ОН) во Њујорк. Зеленски и Нетанјаху не се сретнаа откако тој се врати на власт кон крајот на декември.

Се шпекулира дека на Нетанјаху му одговара да се сретне со Зеленски на маргините во ОН, а не на средба од повисок тип, за да не ги наруши односите на Израел со Русија. Претходно во јуни, украинската амбасада во Израел ја обвини земјата за „блиска соработка“ со Русија.

Во меѓувреме, илјадници Хасидски Евреи продолжуваат да пристигнуваат во Уман, централна Украина, на годишниот аџилак на гробот на рабинот Нахман од Бреслов, главен хасидски водач.

Само во текот на 13 септември, 8.726 аџии ја преминаа украинската граница, а вкупно околу 30.000 луѓе се очекува да го посетат Уман за Рош Хашана, објави Министерството за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.