Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири, од пред седиштето на ВМРО - ДПМНЕ ја пречека одлуката на скопска Апелација и повика Мицкоски да одлучи дали е за ЕУ и НАТО

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 13:13

Зеќири: ВМРО – ДПМНЕ нега ја остават амнестијата за Груевски, да кажат дали се за ЕУ и НАТО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Синхронизирано со одлуката на Апелациониот суд во Скопје кој ја потврди казната затвор на две години за Никола Груевски се огласи и Мухамед Зеќири со провокација до ВМРО – ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Раководството на ВМРО – ДПМНЕ и претседателот на партијата, Христијан Мицкоси наместо со нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски, треба да кажат дали се за интеграциите во ЕУ и НАТО. – порача денеска од пред зградата на ВМРО – ДПМНЕ, пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири.

Тој додаде дека сите пратеници, вклучително и оние од СДСМ се должни да ја следат мнозинската волја на граѓаните.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ во име на граѓаните кои ги избрале теба да ги продолжат процесите во Собранието. – рече Зеќири.

Според него, затворањето на патот кон ЕУ и НАТО значи затворање на пристапот до европските фондови, намален обем на инвестициии и работни места.

Ако ВМРО – ДПМНЕ продолжи со барања во чиј што фокус е амнестијата, тоа ќе биде знак дека сакаат да го блокираат патот кон ЕУ и НАТО и да ја внесат земјата во изолација.” – рече Зеќири.

Тогаш, додаде тој, единствен начин се предвремени избори кои мора да бидат организирани веднаш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести