Осомничени се и хрватски државјани. Обвинителството за организиран криминал и корупција побарало притвор, но тој нема да биде приведен зошто изјавил дека сам ќе се појави во Кривичниот суд.

Објавил: admin@magazin | 8 април, 2022 16:22

Зеќири осомничен за проневера: Украл 800.000 евра од буџетот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири поднесе неотповиклива оставка, откако Обвинителството отвори истрага за проневерени 800 илјади евра од буџетот.

Осомничени се и хрватски државјани. Обвинителството за организиран криминал и корупција побарало притвор, но тој нема да биде приведен зошто изјавил дека сам ќе се појави во Кривичниот суд.

Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесе неотповиклива оставка од функцијата генералниот секретар на Владата, која премиерот Димитар Ковачевски ја прифати.

Во меѓувреме судија на претходна постапка од Кривичниот суд издаде наредба до надлежната полициска станица Зекири да биде спроведен.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти утрово дека е отворена истрага за Мухамед Зекири кој се сомничи дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил буџетот за речиси 150 илјади евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.