Груевски доби политички азил во Унгарија, па Димитров "полуде" додека за политичкиот азил на "прислушкувачите" од Грција, не проговори ниту еден збор, двоен аршин за иста работа

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 8:18

Зошто Димитров го премолче азилот за Грујевски и Бошковски?

Фото/Текст извор: ©mkd.mk

Министерот за надворешни работи, Димитров, денес или утре ќе патува на самит во Солун, што индиректно го отвори прашањето зошто немаше “хистерична” реакција за политички азил на Грујевски и Бошковски од Атина?

Имено во случајот со добиениот азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија,  Димитров го повика унгарскиот амбасадор, побара од Унгарија да го почитува принципот на владеење на парвото, најавува остра реакција на средбата со неговиот унгарски колега.

Во овој период Димитров безброј пати се среќаваше со неговиот грчки колега, со грчкиот премиер, но не слушнавме дека имало реакција за добиениот азил во Грција на обвинетите македонски граѓани Грујевски и Бошковски.

И Грција смета дека овие двајца во Македонија нема да добијат фер судење.

Иронично и парадоксално е земја членка на Унијата да му даде азил на Груевски, а во исто време да се инсистира на владеење на правото, порача вчера шефот на македонската дипломатија Никола Димитров за добиениот азил на Никола Груевски, поранешниот македонски премиер во Унгарија.

Македонија како земја кандидат прави се во Македонија да владее правото и навистина е иронија и парадоксално што човек што има пресуда, осуденик кој се соочува и со четири други обвиненија и со пет истраги да најде заштита и добие азил во земја членка на ЕУ. Ова е проблем за Македонија, меѓутоа е проблем и за ЕУ и за кредибилноста на принципот на владеење на правото во ЕУ. –  рече Димитров и најави дека на министерскиот состанок на НАТО на 4 и 5 декември ќе се сретне со унгарскиот министер Петер Сијарто, при што очекува отворен разговор за целиот случај. Димитров не коментираше дали македонското МНР во меѓувреме ќе преземе некои други дипломатски активности против Унгарија.

Поранешниот началник на Петата управа на тајната полиција Горан Грујевски и неговиот заменик, Никола Бошковски се во Грција, а во Македонија се води судски процес за нивна вмешаност во масовното нелегално прислушување. Македонија со овој азил ги “изгуби” лицата кои директно ги реализирале нели над 20.000 прислушкувани разговори во “режимска – диктаторска” држава.

Во мај годинава грчкиот Врховен суд го одби барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. И обајцата се обвинети во Македонија, се води и друг процес против нив и обајцата успеаја да избегаат во Грција, а и нивната крајна дестинација наводно била Будимпешта.

И Грција е земја членка на ЕУ.

Поранешниот началник на Петата управа на тајната полиција Горан Грујевски и неговиот заменик, Никола Бошковски се во Грција, а во Македонија се води судски процес за нивна вмешаност во масовното нелегално прислушување.

Грчкиот Врховен суд сметал дека тие нема да добијат фер и правично судење во Македонија, а предвид била земена и одлуката на претседателот Ѓорге Иванов со која тие беа амнестирани и поради тоа одлучил да го одбие барањето за екстрадиција.

Димитров и Никос Коѕијас, поранешниот грчки шеф на дипломатијата, од тој мај се сретнале повеќе пати, но никој не јави дека македонскиот шеф на дипломатијата реагирал за ваквата одлука на грчкиот Врховен суд.

Грујевски и Бошковски денес се некаде во Грција и не смеат да го напуштат нашиот јужен сосед.

Грујевски и неговиот заменик Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“.

Истрагата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), покажа и докажа дека тие биле дел од масовното нелегално прислушување на граѓаните. Исто така, двајцата учествувале и во уништување на опремата, за да се сокријат трагите од нелегалното прислушување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.