ЗОШТО Е БРЗАЊЕТО ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО?

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 23:45

Грција ќе го загуби правото на вето во ЕУ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и шефот на дипломатијата на Луксембург Жан Аселборн, најавија укинување на едногласното консензуално одлучување во ЕУ. Со изгласување на одлуки по пат на мнозинството над малцинството ќе се намали ригидноста на бавниот систем кој често наидува на критики.

Според изјавите на Хан, дадени за австриска телевизија, на есен предлогот за преминувањето на мнозинскиот гласачки систем ќе биде поднесен на усвојување до Европската комисија.

Како што оценува Хан, ако не се усвои систем на мнозинско носење одлуки, ЕУ никогаш немало да стане конкурентен глобален играч.

Министерот за надворешни работи на Холандија пак, истакна дека во ЕУ станало се потешко да се постигне единствен став за важните прашања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести