Борба во врвот на крилата во СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 27 мај, 2019 13:17

Зошто Заев нема храброст да ја разреши Шеќеринска ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Централниот Одбор на владејачката СДСМ вчера го разреши целото раководство на партијата, откако шесте потпретседатели на СДСМ  си поднесоа оставки по “метлата“ што ја најави премиерот Зоран Заев. Но првиот човек на СДСМ според партиски извори очигледно немал храброст да посегне по функцијата на Шеќеринска иако бил свесен за нејзината слаба популарност во членството.

Потпретседатели на СДСМ беа: Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов.

Премиерот го разреши целото раковотство и практично само тој и заменикот претседателот Рамила Шеќеринска останаа недопрени? Дали ова значи дека во партијата сите се виновни и ја примиле пораката само не претседателот Заев и заменик претседателот Шеќеринска  на владејчката партија? Од извори блиски до владејачката СДСМ намерата на Зоран Заев била да ги разреши сите потпретседатели за да не се остави впечаток дека форсира било кое крило, но немал храброст да го постави прашањето за промена на неговата заменичка Шеќеринска иако бил свесен за нејзиниот слаб рејтинг дури и кај партиското членство од партиските анкети за претседателските избори.

Беше разрешен и на генералниот секретар Александар Кирацовски. На негово место беше назначен назначен Љупчо Николовски актуелен министер за земјоделство. Новиот генсек на партијата Љупчо Николовски е поранешен шеф на кабинетот на Заев и важи за негово перосонално решение. Со ова решение, проследено со разрешувањето на сите претседатели на општинските организации, Заев целосно ја презема партијата.


Шеќеринска претходно јавно на состанок на Извршниот одбор потсетила на џентлменскиот договор кој го имале со Заев уште на време на  партискиот конгрес на СДСМ во кој се договориле дека ќе се воведе функција заменик претседател којa ќе ja извршува таа,  а ќе ги има скоро сите овластувања како и претседателот-брифираат извори од СДСМ. 


Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ рече дека ветеното го исполниле. Целиот фокус ќе биде на подобрување на животот на граѓаните, рече Заев. Тргнавме од своите редови за подобрување, народот тоа ќе го цени.

Пораката ја примивме и сите сили ќе ги насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Следуваат промени во извршната власт , рече премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.