Речиси сите пратеници кои се обвинети за “27 април” се ослободени од куќен притвор.
Единствено за кој Апелација нема одлука е пратеникот Крсто Мукоски.
Од куќен притвор излегоа Љубен Арнаудов и Сашо Василевски и двајцата од опозициската ВМРО – ДПМНЕ кои ќе се бранат од слобода.
Василевски кој веќе ќе може да доаѓа на собраниските седници даде гаранција од 400 000 евра а Арнаудов од 300 000 евра.
600 000 евра гаранција пак неодамна плати поранешниот директорот на БЈМ Митко Чавков а засега во Шутка остануваат уште 11 лица кои се гонат за истото дело како и погореспомнатите а уште единаесетмина се и во домашен притвор.
Обвинетите за настаните од 27 април останаа и без своите адвокати. На следното рочиште ќе ги брани адвокат назначен по службена должност, бидејќи претходните им се казнети и по 1000 евра од адвокат, поради како што кажа судијката Добрила Кацарска, нарушување на јавниот ред и мир.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.