Катица Јанева отворено ги обвини судиите Александра Зафировска, Јово Вангеловски, Светлната Костова и Софија Лаличиќ за партиско влијание а тие одбиваат да коментираат

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 10:10

Зошто судиите ги премолчија нападите на Јанева?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По објавувањето на Посебниот извештај на СЈО, нема коментари од четворицата судии кои Катица Јанева ги искритикува.

Со име и презиме СЈО ги нотираше судиите кои, според нив, биле под политичко влијание.

Во Посебениот извештај, СЈО наведува дека од телефонските разговори, откриле како има нелегитимно договарање за изборот на судии. Со директно мешање во вршењето на судиската финкција и поткопување на темелните вредности на Уставниот поредок.

Таква улога, според СЈО имале екс претседателката, но сега актуелен член на Судскиот совет Александра Зафировска, шефот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката од Вишиот управен суд Светлната Костова и Софија Лаличиќ судија од Кривичен.

Зафировска, наведува СЈО дека од 2011 до 2013 година дека како претседател на Советот била во постојана координација со извршната власт, тогашниот премиер Никола Груевски, екс министерката Горана Јанкулоска меѓу другите и со поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков. Тие заедно одлучувале за избор на „подобни“ судии и разрешување на „неподобни“ судии, стучњаците ги барале според партиските списоци, меѓу другото интервенирале во судските постапки.

Шефот на највискоиот суд Вангеловски, според СЈО во 2011 и 2012 година во повеќе наврати на своите соговорници им изнсувал информации од судските постапки, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето.

За судијката од „скопска единица“ Софија Лаличиќ, СЈО наведе дека една година пред да е назначена за судија и била ветена функцијата.

Во извештајот, за судијката Светлана Костова која е во Вишиот Управен суд се наведува дека паралелно рабоетла и во УБК, со што според СЈО се доведува во прашање нејзиниот личен интегритет.

„Имајќи предвид дека судиската функција пред се подразбира голема моќ чија што употреба повлекува длабоки и далекусежни последици во животот на граѓаните, потребен е висок степен на општествена свесност дека таквата моќ не треба да биде дадена на индивидуи чија чесност, професионални и лични стандарди се дискутабилни“, наведе шефицата на СЈО Катица Јанева во посебниот извештај.

Сепак вакваниот извештај, потенцираат од СЈО, не е да се документира минатото, туку се однесува за како што пишува Катица Јанева, ваквото несоодветно постапување да не продолжи да го поткопува владеењето на правото и да ја попречува Евроатлантската интеграција на Македонија.

Јанева, меѓудругото во извештајот повторно со негодување дека СЈО го нема мандатот за покренување на обвиненија. Бара, Обвинителството да биде автономна институција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.