Дали 2000 амнестирани се доволно да се победи на избори, во случај и семејствата на амнестираните да гласаат и да бидат 18000 амнестирани, пак не е доволно за победа на избори, а да не заборавиме дека не е аболиција, туку е амнестија и веќе одлежале дел од казната.

Објавил: admin@magazin | 27 септември, 2023 21:10

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ ја закопа Македонија на европскиот пат

Фото/Текст извор: ©kanal 5

И да се врати Груевски го чека затвор, ме зачудува зошто тие на кои има овозможи кариери и капител, сите се против него.

Дали 2000 амнестирани се доволно да се победи на избори, во случај и семејствата на амнестираните да гласаат и да бидат 18000 амнестирани, пак не е доволно за победа на избори, а да не заборавиме дека не е аболиција, туку е амнестија и веќе одлежале дел од казната.

Измените на КЗ се донесени во согласност и на власта и на опозицијата, да не сакаа да поминат ќе поднесеа илјадници амандмани. И да се врати Груевски го чека затвор, ме зачудува зошто тие на кои има овозможи кариери и капител, сите се против него. Влегоа во вербална војна тројцата лидери на ВМРО-ДПМНЕ, камо среќа клопчето да се одмота и да сил го извадат валканиот веш, па тогаш да видиме што ќе се случува, личат на комшики што се расправаат и каков менталитет имале структурите кои не водат. ВМРО-ДПМНЕ ја закопа Македонија на европскиот пат. Јас сум првиот што не сака да влезат бугарите во уставот, разочаран сум од македонските бугари или како што јас ги викам бугари во Македонија, имаат здруженија еден куп и не се јавија еднаш да му пишат писмо на Радев дека овде живеат Македонци и не ги притискајте, еве како што бара ВМРО-ДПМНЕ некаква гаранција да добие за да не блокира. ВМРО-ДПМНЕ е партија со „НЕ“, може ли со некој да преговараш ако однапред знаеш дека ќе ти удира контра поради внатрешен партиски рејтинг. Нема подобро од Македонија проблемите да се решаваат во присуство со уште 26 земји членки и сите проблеми со Бугарија ќе се решаваат во присуство на членките, кои што умеат во дипломатијата па кога ќе наидеме на историски или образовен спор со нивните европски алатки да го измоделираат тоа за ние да поминеме, рече Зоран Иванов во вечерашното гостување во Само Вистина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести