Инаку пред неколку дена Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 септември, 2019 14:56

Ивона Талевска: Мора да запре цел прогон на медиумите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ивона Талевска, претседателката на МАН, на денешниот протест за новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски истакна дека притисоците врз медиумите мора да престанат притоа додавајќи дека добиле поддршка од неколку балкански земји за оваа ситуација.

Новинарот и уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски

„Одговорете со збор а не со притисок се однесува на заштита на новинарските права и слободи. Се водат над 60 предистраги, обвинениеја и процеси над медиумите. Во Република Македонија просекот против слобода на медиумите е 52 отсто. Ова мора да запре. Македонската асоцијација на новинари ги поддржа и протестите за Томислав Кежаровски. Добивме поддршка од Бугарија, Србија, Косово, Албанија. Прогонот на медиумите мора да запре. Бараме да запре цел прогон низ медиумите“, истакна Талевска за Фокус.

Инаку пред неколку дена Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот Александар Митовски на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка.

Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.