Имено против Митовски беше поднесено обвинение за објавување на материјали за случајот „Рекет“ што резултираше со незадоволство кај новинарите и медиумите. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 септември, 2019 15:08

Микрофон со лисици и заробена новинарска облека- голем протест на новинарите против прогонот од власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Курир.мк

Протест организиран од Македонската асоцијација на новинарите (МАН) се одржа денеска како поддршка за новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски.

Заробен микрофон во лисици и новинарса облека донесени пред Обвинителството фото Курир.мк

На протестот присуствуваа бројни колеги новинари и пријатели во поддршка за Митовски. „Уапсен“ микрофон со лисици и „заробена“ новинарска облека беа донесени на протестот пред Обвинителството во знак за поддршка на медиумите кои ја симболизираат целата ситуација што се случува деновиве. Имено против Митовски беше поднесено обвинение за објавување на материјали за случајот „Рекет“ што резултираше со незадоволство кај новинарите и медиумите. 

Протестот на МАН следува по се поголемиот и cилен политички пpитиcoк врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку пpaвосудниот систем.

Мотото на пpoтестот беше: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апceња и пpoгони!

-Овој протест на Асоцијацијата на новинари под мотото на новинарскиот збор одговорете со збор, а не со притисок, апсење и прогон, се однесува за заштита на новинарските права и слободи кои што овие денови се под силен правосилен притисок. Додека ние го одржуваме овој протест пред Основното јавно обвинителство, во просториите на НетПрес по налог на ова обвинителство се врши претрес и се бараат материјали за објавена истражувачка сторија која што е поткрепена со објавени документи, тоа се методите со кои се користи ова јавно обвинителство. Благодарение на ова јавно обвинителство Македонија заедно со Турција е црната точка за медиумските слободи на ниво на европската унија, ако просекот на ЕУ е 23 проценти закана од правосудни истанци против слободата на медиумите, просекот во Македонија благодарение на ОЈО е 52 проценти и се водат над 60 предистраги, истраги, закани за испрашувања, обвиненија како и процеси против медиуми кои што не се блиски до владејачката структура, велат организаторите на протестот.

Од МАН додаваат дека тој прогон во минатото го правеше и СЈО, а сега го прави и ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.