Идејниот творец на Селабанската платформа во Македонија и етнички "чистити" општини во Србија и Црна Гора, министер за надворешни работи на Албанија, денес во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 11:21

Идејниот творец на Сеалбанската платформа во Скопје

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Дитмир Бушати во регионот е познат како идејниот творец на Сеалбанската платформа, која им ја достави на македонските албански политички партии пред парламентарните избори во 2016 година но и како идеен творец на платформата на албанските општини во Прешевска Долина во Србија но и Црна Гора.

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати ќе престојува во официјална посета на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Бушати ќе има средби и со Талат Џафери и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, на средбата на шефот на македонската дипломатија Димитров со Бушати се очекува да стане збор за прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата, трговската размена и интерконективноста.

Соговорниците ќе разменат мислења и за состојбите во регионот и перспективите на негово интегрирање во европските и евро атлантските структури, по што е предвидена заедничка прес конференција на Димитров и Бушати.

Изјави за медиуми се предвидени и по средбата на вицепремиерот Османи со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Бушати, кога гостинот од Албанија и ќе упати повик за излезеност и реализација на успешен референдум за промена на името.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.