Со ова подводниот музеј прави огромен чекор во заздравувањето на просторот по разурнувањето предизвикано од циклонот Сенди

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 13:30

Изложба на ајкули во Аквариумот во Њујорк (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Aјкулите се новите ѕвезди на водната изложба во Ааквариумот на Њујорк. Со ова подводниот музеј прави огромен чекор во заздравувањето на просторот по разурнувањето предизвикано од циклонот Сенди пред шест години

-Со самото влегување во аквариумот, опкружени сте со корални гребени какви што би виделе ако нуркате во австралиските води. Дел од изложбата што не опкружува се нарекува „Океански чуда – ајкули“ и ова е можноста на Аквариумот на Њујорк да заработи од љубопитноста на посетителите за ајкулите. Ако ги сакате коралните гребени, треба многу да се грижите за ајкулите. Како предатори, ајкулите се многу важни за одржување на разновидноста и здравјето на коралните гребени. Ги губиме овие предатори со голема брзина, па видливо е катастрофалното влијание на подводниот свет ширум светот. Аквариумот на Њујорк беше уништен од ураганот Сенди. 6 години подоцна работи со само 40 проценти од изложбите. Сепак научивме лекција од ураганот што ја практикувавме за оваа градба но другата работа е дека нејзиното обезбедување од невреме чини 25 милиони долари и нема да дозволиме да се повтори случајот од 2012, вели директорот на Аквариумот, Џон Форест Долин.

– Ова се затвора во случај на невреме и внатре постои сандаче што се полни со воздух и создава блокада. Ова е дел, но не и целата заштитаза да спречиме поплава во зградата, постои цел систем, вели Су Чин, архитектот на аквариумот.

Отворањето на изложбата е голем чекор кон збогатување на искуството на луѓето и на тоа што тие се надеваат дека ќе ја погледнат кога ќе дојдат во Аквариумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.