Откако МЕР ја исече шумата на Водно - им текна дека треба да ја спасуваат

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 7:14

Изменет планот за гасовот но цевките сепак ќе минуваат низ Водно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Не помогна револтот на еколошките здруженија против изградба на гасовод низ падините на Водно тој сепак ќе се гради информираат од владата. Меѓутоа за да се намали уништувањето на зеленилото предложени се измени на планот за поставување на цевките.

Го намаливме штетното влијание на Водно за над 70 отсто. Ова значи дека на Водно ќе се пресече помалку од 2 хектари шума изјави директорот на Енергетски ресурси на Македонија Бајрам Реџепи.

“Не е можно планот за гасоводот што ќе минува низ Водно да се поништи во целост затоа што тоа би ги зголемило трошоците за околу 20 милиони евра а ќе значи и пробивање на роковите за реализација на проетот и за враќање на кредитите.” – рече Реџепи.

Татјана Стојановска од организацијата “Го сакаме Водно” вели дека активистите не се согласуваат ниту со овие измени. Тие бараат гасоводот целосно да ја смени трасата заобиколувајќи го Водно. Во оваа полемика се вклучи и опозицијата со тврдење дека власта “откако ја исече шумата за трасата за гасоводот се реши дека треба да ја спасува”. Според планот на планината Водно треба да минува гасовод во должина од 8 километри. Ширината на расчистениот терен треба да изнесува 10 метри а цевките ќе бидат подземни затоа по завршувањето на работите предвидено е пошумување.

Според директорот на МЕР работите за гасоводот Неготино – Штип во должина од 36 километри се при крај и се очекува да се пушти во употреба до крајот на годината. Што се однесува до гасоводот Неготино – Битола и Скопје – Гостивар завршени се само 25% од работите затоа се очекува активностите да завршат до крајот на 2019-та година или најдоцна до втората половина 2020-та година.

Гасоводот се гледа како ново и добро решение за греење и за домаќинствата. Се очекува со гасификацијата да се намали загадувањето на воздухот проблем кој го засега не само Скопје туку и другите градови во земјава.” – изјави граданачалникот на град Скопје Петре Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.