Целта на израелскиот воздушен напад била постројка за производство на ракети и локации за обука и сместување на армијата што и припаѓаат на Хамас “, соопшти израелската армија, пренесува АП.

Објавил: Перо Милчин | 26 декември, 2020 17:33

ИЗРАЕЛ ОДГОВОРИ НА ПАЛЕСТИНСКИТЕ РАКЕТИ: Авиони погодија неколку локации во Појасот Газа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Израелски авиони рано утрово гаѓаа на неколку локации во појасот Газа, откако палестинските сили во петокот испукаа две ракети кон јужен Израел.

Целта на израелскиот воздушен напад била постројка за производство на ракети и локации за обука и сместување на армијата што и припаѓаат на Хамас “, соопшти израелската армија, пренесува АП.

Ракетите истрелани од палестинска страна во петокот беа насочени кон јужниот град Ашкелон, но беа неутрализирани од ПВО, се вели во соопштението на армијата.

Ниту една палестинска група во Газа не ја презеде одговорноста за ракетниот напад што го наруши повеќемесечниот прекин на огнот.

Палестинските медиуми објавија дека утрово во воздушните напади на израелската армија биле искршени прозорци на некои објекти во источниот дел на градот Газа, без да се потврдат евентуални жртви.

Често се случуваат вакви ракетни напади и израелски одмазднички артилериски и воздушни напади, но тие главно се суспендирани во последните месеци, најмногу поради избувнувањето на епидемијата КОВИД 19 на двете територии, според агенцијата.

Палестинските милитантни групи и израелските власти се согласија да ја прекинат ескалацијата на конфликтот на границата меѓу Израел и Појасот Газа, но исламистичката група Хамас го обвинува Израел дека не ги испочитувал своите обврски за прекин на огнот, кои вклучуваат олеснување на блокадата на Газа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...