Лажните дојави за бомби се случуваат веќе два месеци а до сега полицијата пронајде само еден малолетник кој признал дека испратил лажни дојави во неколку скопски училишта.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2022 20:13

Илјадници граѓани евакуирани по денешните закани со бомби

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

Повик за евакуација ги извади на улица  станарите од кулите Џеваир. Вознемиреност и страв предизвика лажна дојава за бомба во висококатниците. Мајки со бебиња, стари, млади излегоа седеа на студот додека полицијата ги проверуваше објектите, објави Сител!

Ова утро дојавувачите на бомби направија хаос во главниот град. Евакуирани беа 9 скопски и едно училиште во Кавадарци. Од рано утрото беа евакуирани и вработените во МНР.

 Инфомираме дека до МНР преку електронска пошта пристига информација дека во зградата се поставени експлозивни направи.

Дојава за бомба ги испразни  Ист Гејт и ГТЦ. Таму проверките завршија брзо. Граѓаните се револтирани што досега не се пронајдени лицата кои се одговорни.

Полицијата за време на евакуацијата  го прошири периметарот и привремено го запре сообраќајот. Од МВР официјално соопштија дека станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Лажните дојави за бомби се случуваат веќе два месеци а до сега полицијата пронајде само еден малолетник кој признал дека испратил лажни дојави во неколку скопски училишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести