Партиите мрднаа од мртва точка за преговорите со СЈО

Објавил: Узунов Бобан | 2 април, 2019 19:41

Има надеж за СЈО-преговорите напредуаат

Фото/Текст извор: ©магазин

Има напредокот во преговорите на работните групи за СЈО но камен на сопнување и натаму останува барањето на ВМРО ДПМНЕ да сопрат истрагатите кои се покренати 18 месеци по формирањето на обвинителството.

Дескоска сепак остава простор и за остапки.

И власта и опозицијата се убедени дека ќе се постигне договор за статусот на СЈО и ќе се почитуваат препораките на меѓународната заедница за посебна структура на СЈО, утврдена надлежност и функционалност во гонењето на криминалот. 

Претходно министерката Дескоска за преговарачките позиции на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ако се спремни да ги почитуваат стандардите на ЕУ и препораките на меѓународната заедница тогаш има шасна да мрднат. Доколку останат закопани во своите ровови не гледам надеж дека нешто посебно би се случило. 

Ставот на Дескоска е дека не смее со запирање на било која постапка да пропаднат докази и со тоа практично да се случи амнестирање, но сепак остава простор за отстапки и донесување на Законот за јавното обвинителство. 

Преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека консензуален закон донесен во Собрание ќе значи долгорочно решение за ова прашање  без негово политизирање. 

Натамошните средби на работните групи ќе се водат во друг формат, ќе има формални и неформални контакти, без присуство на медиумите и давање изјави се додека не се постигне договор. Доколку партиите ги усогласат ставовите не е исклучена можноста да се закаже седница и да се донесе законот кој е еден од основните услови за преговори со ЕУ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.