Познатата активистка од граѓанскиот сектор кој за време на политичката криза од 2015-та година активно и јавно ги поддржуваше политиките кои ги прокламираше тогаш опозиционата СДСМ на чело со Зоран Заев излезе на социјалните мрежи со став против каква власт се бореле а каква власт имаат сега по промената. Ефремова е граѓански активист и уметник.
“Македонија, или како да не полудиш живеејќи во континуирана когнитивна дисонанца затоа што:
– Си се борел да замине злото на дпмне, а сега сведочиш поеднакво неспособна и многу корумпирана сдсм дружина.
– Јасно ти е дека промената на името е националистички и апсурден притисок, а истовремено неговото не менување би било лудост во дадениов момент.
– Ти се гади од национализам, па ги преќутуваш криминалите и тиранијата на ДУИ кои им проаѓаат баш на таа карта.
– Јавно си презирал граѓанска инерција и пасивност, но повеќето бивши соборци сега се партиски извршители, па се правиш наудрен и не ни мислиш дали може нешто да се смени.
– Плаќаш суплементи, заштитни маски, се надеваш дека ќе компензираш со некое викендче на чист воздух и не ни пробуваш веќе да збориш за загадувањето, а камо ли да се надеваш на конкретна акција.
– Се враќаш од распаднати институции и постираш лабави амерички мемиња.
– Се осеќаш и виновно и изиграно и досадно и уморно…и свесен си и сакаш да бидеш несвесен истовремено.”
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.