Усеини истакна дека чувствува „притисок од институциите“ кои што сакале да му „наштетат“, и ги ги повика граѓаните на протест 10:00 часот пред Општина Охрид да излезат на протест и да ги бранат дивоградбите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2019 10:42

Институциите му вршеле притисок- Усеини повикува на протест за дивоградбите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нефи Усеини, советникот на ДУИ на својот профил на „Фејсбук“ денеска повторно повика на протести против акцијата на Општина Охрид за уривање на дивоградбите.

Фејсбук статус на Усеини

Откако пред една недела охридските градски власти започнаа со рушење на дивоградбите и донесоа одлука за ставање на крај на безаконието и рушење на сите дивоградби во заштитеното подрачје и околината на градот, својот револт го искажа Нефи Усеини кој е сопственик на градежна компанија која изгради голем дел од дивоградбите, како и познатата пицеријата „Луна“ спроти охридскиот Чинар која што исто така е дивоградба.

Усеини истакна дека чувствува „притисок од институциите“ кои што сакале да му „наштетат“, и ги ги повика граѓаните на протест 10:00 часот пред Општина Охрид да излезат на протест и да ги бранат дивоградбите.

Инаку, во Охрид се регистрирани над 1000 дивоградби од кои дури 409 се во заштитеното подрачје. Поради ова, до општина Охрид беа испратени сериозни забелешки од УНЕСКО и постои реална закана градот, поради дивоградбите да го загуби својот статус во угледната организација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.