Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 декември, 2019 18:39

Интересна легенда: Еве како Свети Никола станал Дедо Мраз

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дедо Мраз претставува личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки и фолклорен карактер, кој настанал со комбинација на холандскиот Синтерклас (Sinterklaas), англискиот Татко Божик (Father Christmas) и други традиционални божикни личности кои носат подароци. Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември. Дедо Мраз претставен од телевизискиот продуцент за деца Џонатан Мет

Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември.

Дедо Мраз се опишува како дебел, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Оваа слика за Дедо Мраз станала популарна во 19 век, во Канада и Америка, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио, телевизија, во песните, детските книги и во филмовите. Развивањето на ликот на Дедо Мраз во Северна Америка во 19 и 20 век, влијаело врз модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.

Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20 век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи. Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадник. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.

Во деновите пред Божиќ, Дедо Мраз се појавува во стоковните куќи, трговските центри и е дел од разни забави. Оваа практика прв почнал да ја употребува Џејмс Едгар, во 1890 година, во својата стоковна куќа во Броктон, Масачусетс. Дедо Мраз го глуми некој актер, а околу него исто така има други актери, или пак персонал од стоковната куќа, кои се облечени како помошниците на Дедо Мраз.

Свети Никола од Мира е првобитната инспирација за христијанскиот лик на Синтерклас. Тој бил грчки, христијански бискyп од 4 век, во Мира, Ликија, провинција во византиска Анадолија, денес во Турција. Свети Никола бил познат по дарежливите подароци, кои им ги давал на сиромашните. Тој бил религиозен уште од млади години и целосно го посветил својот живот на христијанството. Во Европа, поточно во Холандија, Белгија, Австрија и Германија тој сè уште е прикажан како бискуп со бела брада, во канонска наметка. Во 1087 година, во италијанскиот град Бари, започнала експедиција која имала за цел да го пронајде гробот на светецот и да ги донесе неговите посмртни останки. Ковчегот со останките на Свети Никола бил осквернавен од страна на италијанските морнари и реликтите биле однесени во Бари, каде што се чуваат до денес. Истата година била изградена базилика, во која се чувале останките и просторот станал место за аџилак на побожните и со тоа се оправдале економските трошоци на експедицијата. Свети Никола подоцна бил прогласен за светец-заштитник на различни групи на луѓе, од стрелци, морнари и деца, па сè до заемодавци. Тој исто така е светец-заштитник на Амстердам и Москва.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.