Таа на социјалните мрежи испрати порака до сите оние кои не ги почитуваат мерките, а со тоа ниту здравствените работници кои веќе три месеци се во првите борбени редови и се борат со вирусот...

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јуни, 2020 10:45

Инфектолог од болницата 8-ми Септември со моќна порака: Персоналот почна да се разболува, ќе се лечите сами?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефицата на Инфектолошкото одделение на болницата „8 Септември“, д-р Патриција Каламара изреволтирана од целата ситуација со коронавирусот во земјава, и непослушноста на одреден број на граѓани кои не ги почитуваат мерките за заштита а со тоа бројот на новозаболени постојано се зголемува.

Таа на социјалните мрежи испрати порака до сите оние кои не ги почитуваат мерките, а со тоа ниту здравствените работници кои веќе три месеци се во првите борбени редови и се борат со вирусот…

Сакам да упатам порака до сите граѓани кои не ги почитуваат препораките.

Дали мислите дека со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашите теории на заговор, 5G и политички препукувања ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека сè е измислица и дека ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас?

Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети?

Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе нè убие сите нас?

Уште колку време треба да помине за да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта?

Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас?

Дали сте свесни дека здравствениот персонал е на работ на силите?

Ќе се лечите сами?
А лекови?
Заштитна опрема?
Медицински персонал?

Почна да се разболува персоналот.
А зошто?
Затоа што вирусот не постои?

ЕДНО ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ОД ИМЕТО НА ЦЕЛИОТ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ ЗА ВАШАТА ПОЧИТ КОН НАС, ЕТЕ СО ВАШИТЕ ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР УБИЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПЕРСОНАЛ, ПА СО ВАШИТЕ ТЕОРИИ ЌЕ СЕ ЛЕЧИТЕ САМИТЕ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.