Нинџа како што изјави и неговиот адвокат ја кажал истата приказна и пред шест месеци, со што ОЈО има одговорност да открие каква е улогата на Мијалков меѓу главните актери

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 8:27

Исказот на Нинџа е стар шест месеци, за кого “одработува” Василевски?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бранителот на Александар Василевски Нинџа, Звонко Давидовиќ по завршувањето на неговото сведочење изјави дека ова е втора изјава кој ја дава обвинетиот и дека само ја повторил првата.

Неговиот клиент е во притвор со понудена гаранција од 800 000 евра, а она што го кажал вчера прв пат го кажал пред 6 месеци односно на 14 јуни 2018 година пред обвинителството.

Партиски структури на 27 април ја презеле командата од МВР заради заштита на некои свои интереси и некои свои политички права. МВР останала обезглавена и наместо полициски структури, командувањето на МВР се префрлило на партискиот врв. – изјави Давидовиќ.

На прашањето дали може да му се верува на обвинетиот Нинџа или можеби тој дава таков исказ за да издејствува укинување на притворот, Давидовиќ потенцира дека Нинџа е меѓу ретките обвинети кои останаа во притвор иако, како што кажа, понудиле гаранција од 800.000 евра.

Мојот клиент е се уште во притвор за разлика од сите други со понудена гаранција повисока од 800.000 евра. На 14 јуни 2018 година го даде истиот исказ пред обвинителството. Не постои овде пазар, туку приказната е иста. – рече Давидовиќ.

По изјавата на обвинетиот Александар Василевски Нинџа се отворија низа прашања на кои ни обвинетиот немаше одговор а имаше пропусти во излагањето.

Каде е “првиот” човек на УБК Сашо Мијалков во целата приказна, како што тврди Давидовиќ? Сосема е јасно дека неговите “наследници” делуваа по негов налог откако тој одважно си поднесе оставка.

Нинџа самиот изјавува дека во неколку наврати имал директиви и комуникации со Мијалков ни не посочи детали од ниту една средба со него, што е индикативно затоа што се спомнува хотел “Мериот”, таен партиски команден штаб но никаде го нема поранешниот директор на УБК.

Воедно сосема е јасно дека сведочењето од страна на обвинителството е намерно чувано за крај, ако изјавата на Давидовиќ е точна, тогаш ОЈО имале шест месеци да го испитаат и претседателот Иванов но и сите именувани а не да дозволат обвинет да ги деградира и декласира другите обвинети но и носителите на државни функции.

Зошто Мијалков го нема во приказната на Нинџа е можеби едно од прашањата на кои сите го знаат одговорот. Подготвеноста на првиот братучед на Никола Груевски да приложи имиња за “отстрел” на ОЈО но и СЈО само за откуп на својата слобода е повеќе од очекувана.

Мијалков во Македонија може да го навлече само срамот и осудата од јавноста, но по сите параметри, негова дестинација за живеење нема да е Северна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.