За време на викендот нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која продира од југ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 февруари, 2021 10:44

ИСКОРИСТЕТЕ: НЕ ОЧЕКУВА ВИСТИНСКИ ПРОЛЕТЕН ВИКЕНД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 22°C

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес во нашата држава владееше вистинска пролет, температурите беа невообичаено високи за овој период од годината па така во Гевгелија се измерени друи 21 степен, во Скопје температурата на воздухот се искачи до 16 степени.

За време на викендот нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која продира од југ.

Истата ќе услови сончево време со умерена локална облачност, иако во недела ќе има и локална позначителна облачност. Ќе започне да дува и умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21, 22 степени. Поради невообичано високите температури на воздухот се очекува топење на снежната покривка на планините.

Под влијание на циклонска активност од понеделник следува променливо време со повремени врнежи од дожд и со умерен  до засилен ветер од јужен правец, но температурите на воздухот и понатаму ќе останат над просекот за овој дел од годината.

Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...