Рамадани со изјава во која ги измеша фунциите и ставовите - но беше искрен

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 јули, 2018 9:50

Исмет Рамадани – ако нема НАТО не гарантирам коректност од албанците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Исмет Рамадани – советникот на Заев бара тие што се против Договорот со Грција и Референдумот да кажат што ќе се случи ако тие не поминат потенцирајќи да не се игра со емоциите на граѓаните.

Исмет со ова дели на граѓани и граѓани или оние кои ќе бојкотираат или ќе гласаат “против” се помалку граѓани од оние кои ќе гласаат “за“?

Советникот на Заев истакна дека искажува личен став а не предупредување но инсистираше дека пред се тоа што го говори е искрено. Изјавата на Рамадани во основа е конфузна недореченост на советник на Премиер.

20 години од основањето на Евроатланскиот совет на Македонија. Од лево кон десно: Исмет Рамадани – Талат Џафери – Зоран Заев и Владан Живуловиќ [ Евроатлански совет на Србија] – архива – 2017 година.

“Албанците ќе бидат коректни во целиот процес – но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ – тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ – може да се случи еден крстопат – нешто друго што нема врска со демократски процеси – евроатлански процеси.”

Рамадани кој е надворешен советник на Заев за подготовка – анализа и извештаи непходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО е и претседател на Евроатланскиот совет на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.