Од СДСМ информираат дека од почетокот на годинава па до денес, исплатени се вкупно 40.5 милиони евра за субвенции

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 11:34

Исплатени над 40 милиони субвенции за над 80.000 земјоделци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците,стои во соопштението на владеачката СДСМ.

Од СДСМ информираат дека од почетокот на годинава па до денес, исплатени се вкупно 40.5 милиони евра за субвенции во кои се опфатени над 80 илјади земјоделци, а при тоа е опфатена исплатата на субвенции на сите земјоделски култури како овошните, градинарските, житните и лозовите насади.

Земјоделство е стопанска дејност во Македонија која учествува со 11% во вкупниот БДП на земјата.

За одржување на овошните насади, на овоштарите исплатени им се околу 5,5 милиони евра на земјоделците.Пред почетокот на новата проиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје, информираат од СДСМ.

Околу 4 ипол милиони евра се исплатени за одгледувачите на градинарски култури, додека пак за житните култури пет ипол милиони евра.

“Министерстото за земјоделство, шумарство и водостопанство одвои 16 милилиони евра за субвенции во сточарството а во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство”,потенцираат од СДСМ.

Исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.