На 14 декември официјално ќе биде формирана Косовска војска во касарната Адем Јашари во Приштина.

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2018 20:59

Испратени поканите за церемонијата, за формирањето на официјална војска во Косово

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во свое име испрати официјални покани по повод церемонијата за формирање војска пренесува Газета блиц.

Церемонијата ќе се одржи во касарната Адем Јашари во Приштина.

Мухамет Кељменди кој е актуелен Косовски министер за образование и на „Фејсбук“ ги повика сите Албанци што се насекаде низ светот каде и да живеат, финансиски да го поддржат креирањето и вооружувањето на војската. Тој напишал дека постојат големи закани и од север и од југ, а Албанците се наоѓаат помеѓу српски и грчки неофашистички напади.
„Да ѝ помогнеме на нашата војска“, напиша Мухамед Кељменди.

Косовскиот парламент гласал за трансформација на косовските безбедносни сили на Косово.За Министерството за одбрана гласале вкупно 101 од 102 пратеници.Официјано на 14 декември ќе се одржи церемонијата за формирање на војска во Косово.

Вчера во отворени разговори со косовскиот премиер и со српскиот премиер Александар Вучиќ Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека ваквиот потег на Косово доаѓа во многу лошо време и дека е против од многу НАТО/сојузници, и исто така изјави дека може да има многу негативни последици за иднината на Косово. Според, Столтенберг овој процес се води во многу несоодветен момент и не се испочитувани процедурите. Тој многу пати ја предупреди Приштина дека ќе се соочи со сериозни последици ако со процесот на трансформација на косовските безбедносни сили се претвори во косовска војска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.