Родителите Марија и Петар, се одлучиле за ваков чекор, и не се откажуваа од близначките , тие деноноќно бдееја над нивното креветче, сѐ до тешката и сложена операција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2019 12:20

Историски успех за хрватските лекари: По 15 часа операција успешно раздвоени сијамски близначки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сијамските близначки Валентина и Кристина од Загреб, успешно беа одвоени по 15 часовна операција, што е историски успех.

Близначките кои сега се одвоени по 15 часовна операција, засега се развиваат добро со оглед на тоа што тие, покрај тоа што беа споени во долниот дел од телото, беа и предвреме родени.

Родителите Марија и Петар, се одлучиле за ваков чекор, и не се откажуваа од близначките , тие деноноќно бдееја над нивното креветче, сѐ до тешката и сложена операција.

Инаку целата операција беше извршена од хрватски лекари од КБЦ Загреб  кои успешно ги раздвоија сијамските близначки, поврзани со стомачни органи и црниот дроб, односно билесраснати со долниот дел од градниот кош, дебелото црево, кожата и меките ткива, а ова е прв пат една ваква операција да биде изведена во Хрватска.

Ова е втор случај во светот близначки да бидат споени со црниот дроб и црева

Ружа Гризељ која е началничка на заводот за неонатологија и неонатална интензивна медицина вели дека проблем претставувало тоа што бебињата биле прерано родени и што имале неизбалансирана циркулација, поради што едната близначка имала висок, а другата низок притисок.

Како што изјави Руќа ова е втор случај во светот близнаци да се споени со црн дроб и црева, со тоа што во овој случај за среќа преживеаја двете девојчиња.

Близначките Валентина и Кристина од Загреб, сега наполнија 4 месеци и за нив се уште се грижи педијатриското одделение во клиничкиот центар Ребро во Загреб бидејќи поминаа тежок период на операции, раздвојување и рехабилитација.

Хрватските медиуми известуваат дека двете сестрички сега спијат во одвоени креветчиња  и засега се развиваат добро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.