Денеска рано изутрина, ново видео протече во онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“. Новинарот вчера преку Фејсбук статус откри дека видеото кое беше објавено има продолжение, а денеска беше и објавено. Италијанскиот новинар Ларис Гајсер, повторно се огласи на Фејсбук и напиша дека група неспособни политичари си играат со судбината на Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 август, 2019 10:33

Италијанскиот новинар повторно се огласи на Фејсбук: Група од неспособни политичари си играат со македонскиот народ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска рано изутрина, ново видео протече во онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“. Новинарот вчера преку Фејсбук статус откри дека видеото кое беше објавено има продолжение, а денеска беше и објавено. Италијанскиот новинар Ларис Гајсер, повторно се огласи на Фејсбук и напиша дека група неспособни политичари си играат со судбината на Македонија.

Фејсбук статус на новинарот од Ла Верита

Фејсбук статусот на Гајсер го пренесуваме во целост:

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.
Сите мои поранешни написи и говори беше во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница.
Јас не сум богат. Немам големи финансиски фондови за да спроведам експериментални револуции. Како и моите пријатели од „Ла Верита“, мразам глупост и манипулации. Ние верувме во човечката интелигенција и во слободата. И двете секогаш наоѓаат начин да испливаат на површина и да преовладата. Дури и по подолги периоди на понижување. Мојата надеж, денес, преку моите написи е да ги поттикнам добрите, се уште независни, слободни судии, кои навистина веруваат во владеење на правото, да ги истражат наодите и да направат од Македонија светол пример на стабилна земја.

Одбегнувајќи да бидам инволвиран во меѓународни политички препирки, сакам само да дадам свој придонес во потрагата по вистината за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава.

Имајќи ги предвид комплексните геополитички промени, ние Европјаните и должиме стабилност на Македонија, сигурност и историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија треба што поскоро да стане член на нашата несовршена Европска Унија, со што ќе не направи посилни и побогари“, пишува Гајсер на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.