Ахмети се пофали дека и тој размислувал да се кандидира за претседател, иако одлежал две години затвор за тероризам врз уставниот поредок, но сепак го преферира Малески

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 6:58

И Ахмети не сака да е претседател, го предлага Малески

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не мисли да се кандидира за Претседател на Македонија, изјава скоро идентична со онаа на премиерот Заев, само што неговата беше внатрепартиски изнудена.

Тој вели дека е реален и свесен за околности во кои влегол во политика, алудирајќи дека е политички претставник на ОНА, затоа тој изјави дека кандидатурата за Претседател е завршено поглавје.

Не е скромност да кажам дека никогаш не сум размислувал да бидам претседател на државата. Ако се земе како теза, за претседател на државата во услови во кои јас влегов во политиката, треба да бидеме рационални и транспарентни. – изјави Ахмети.

За конкретни имиња се уште не разговарале, но според Ахмети професорот Денко Малески, ги исполнува стандардите.

За имиња се уште не е разговарано, но јас сметам дека Денко Малески е почитуван професор, професор кој ги исполнува сите стандарди, но пак останува да се разговара со сите политички субјекти. – рече Ахмети.

Прашан дали би ја прифатил кандидатурата за Претседател, професорот Малески не даде конкретен одговор. Тој рече дека за тоа  треба многу да се размисли бидејќи станува збор за нешто сериозно и дека ќе размисли доколку некој го контактира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.