Годинава во школските клупи седнаа 7.1 отсто помалку ученици од лани, додека за три години бројот на основци е намален за неверојатни 46.000 или за 17 години збирно за 46.7 отсто

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 6:38

И во Албанија “бела чума”, оваа година 23.000 помалку ученици

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Албанија почна новата учебна година, но со значително помал број ученици од минатата.

Во Албанија за 480 илјади основци и средношколци денеска почна новата 2017/2018 учебна година. За првпат во ученичка клупа седнаа 32 илјади првачиња.

Што се однесува до основното обрзование каде минатата учебна година имало 296 илјади ученици,нивниот број во оваа учебна година е помал за 7.1 отсто или за околу 23 илјади основци.

Според Министерството за образоваие во изминатите две учебни години забележан е највисок пад на бројот на ученици во основното образование, по 1991 година.

Во учебната 2016/2017 и 2017/2018 учебна година нивниот број е помал за 46 илјади. 

Загрижувачкиот пад на бројот на учениците го потврдува и државниот институт за статистика, ИНСТАТ.

Од година во година, се забележува застрашувачки пад на бројот на учениците во основното образование,што е последицата на масовната миграција и намалениот наталитет. Колку за споредба бројот на учениците во учебната 1990/1991 година, во основното образоваие изнесувал 557 илјади, сега бројот е помал за дури 46.7 отсто, потврдуваат од Институтот.

Поради помалиот број ученици намален е и бројот на паралелките, но Министерството вети дека ниеден просветен работник нема да го загуби работното место. Успешна учебна година преку видео порака на учениците и наставниот кадар им посака министерката за образование Линдита Никола.

Новина во оваа учебна година е забраната за употреба на телефони за време на наставата и бесплатни учебници за учениците во основното образование.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.