И Европската комисија бара властите во Романија да се вразумат

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 12:00

И Европската Комисија ја повика Романија да го ревидира контроверзниот закон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Европската комесарка за правда потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова во интервју за германскиот весник “Ди Велт” ги повика романскиот власти да го ревидираат предлог законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата.

Таа коментирајќи ги протестите истакна дека би било “корисно” романската Влада да го “ревидира” предлог законот.

Демонстрантите во Романија кои три дена протестираат сметаат дека судската реформа предложена од власта е “дизајнирана” за да им служи на интересите на политичката елита бидејќи меѓу другото ги декриминализира нарушувањата на законот од страна на политичарите.

Според демонстрантите предлог законот ја загрозува независноста на судиите и ја поткопува довербата во судскиот систем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.