Република Македонија стана членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995, како 38 земја членка

Објавил: admin@magazin | 9 март, 2019 18:42

И за Советот на Европа денеска официјално станавме „Северна Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Советот на Европа официјално денеска ја заведе земјата под нејзиното ново име „Северна Македонија.

Како што може да се забележи на интернет страницата на најстарата паневропска организација – Советот на Европа, чие седиште се наоѓа во Стразбур, Македонија од сега е заведена официјално како „Северна Македонија„ како што стои според азбучниот редослед на англиски јазик на земјите членки. 

Република Македонија како земја членка од сега се наоѓа меѓу Холандија и Норвешка, а се до промената на името на Република Македонија, се водеше под привремената реферeнца „поранешна југословенска Република Македонија“ и таа се наоѓаше меѓу Швајцарија и Турција.
Делегацијата на Собранието беше претставена како делегација на Република Северна Македонија. 

Советот на Европа е основан на 4 мај 1949 година со Уставот за Совет на Европа во Лондон, со мисија да го развива и помага ширењето во Европа на демократски принципи основани на Европската конвенција за правата на човекот и други нормативни текстови за заштита на индивидуите.

Република  Македонија стана членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995, како 38 земја членка.

Советот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.
Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија – тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.
Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.