По одлуката за 10 денарките, на ред се и 500 денарките  за промена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2019 9:23

Првите 500- денарки со новото име ќе ги добиеме по Нова Година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По одлуката за 10 денарките, на ред се и 500 денарките  за промена. Од Народна банка информираат дека, до почетокот на наредната 2020 година, на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив.

Народна банка на Република Македонија која ќе го промени називот во Народна банка на Република „Северна“ Македонија веќе распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер

Од Народната банка за промената на парите велат дека со пуштањето во оптек нема да се создадат дополнителени трошоци и ќе се прави на редовна основа, но изаради долговечноста на парите кои веќе се пуштени во оптек и макроекономската стабилност.

„Ако постапките за јавни набавки завршат во предвидениот рок, се очекува дека парите од хартија во вредност од 500 денари со новото име на институцијата ќе се пуштат во промет до почетокот на 2020 година, додека книжни пари обработени од страна на полимер во износ од 10 денари ќе бидат објавени во вториот квартал на 2020 година “, велат од Народната банка.

Инаку минатата недела беше соопштено дека Народната банка на РМ, која ќе го промени називот во Народна банка на Република „Северна“ Македонија веќе распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер, со апоенска вредност од 10 денари,на кои ќе стои испишано новото име на државата. Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името , како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвараат на 15 мај.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести