Потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николоски го искажа својот став, бојкот на референдумот затоа што државата има едно име, било и ќе биде Република Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 13:31

И Николоски бојкотира: “Не можам да гласам за името на мојата татковина”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски ќе бојкотира и нема да гласа на референдумот.

Во својата изјавата која ја даде денес, тој рече дека народот е јасен дека не сака промена на името, а не сака ни тој, и токму затоа одлучил да не гласа на референдумот.

Николоски го појасни својот став за бојкот:

Од прогласувањето на независноста на Република Македонија сметам дека денес е најбитен ден за опстојот на Македонија. За мене е лично понижување, газење на моето достоинство да гласам дали да се прекрсти Македонија или не. Нема цена што може да е компензација за преименување на мојата татковина. Кршење на основно човеково право е друг да ти каже кој си и што си.

Дополнително целата атмосфера пред референдумот како и манипулациите на власта се незапаметени до сега. Народот е јасен. Не сака да се прекрсти. Не сакам и јас. Затоа решив денес да не гласам. Не можам да гласам за името на мојата татковина. Таа има име, било и ќе биде Република Македонија. – изјави Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...