И Николовска си го "наплатила" партискиот активизам и верност кон СДСМ со вработување на најблиските што е синоним за власта на Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 7:24

И синот на посебната советничка Ленче Николовска ангажиран во Фондот за иновации

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Душан Илиевски познат како Душко “млекарот” на својот Фејсбук профил напиша дека синот на советничката за земјоделство Ленче Николовска Илин Николовски е вработен во Фондот за иновации.

“Синот на посебната советничка Ленче Николовска која советува во земјоделието Илин Николовски тајно го вработи мама Ленче во Фондот за иновации во Владата. Фондот има функција за перење пари.” – напиша на својот Фејсбук профил Душан Илиевски.

Од Фондот за иновации потврдуваат дека лицето Илин Николовски не е вработено во Фондот за иновации и технолошки развој но истото е ангажирано како надворешен соработник со Договор на дело за вршење на привремени работи за потребите на Фондот.

“Договорот е со временски определен рок кој истекува во декември годинава. Николовски меѓу другото е задолжен за активности поврзани со одржување на веб страната на Фондот и поддршка во реализација на различни настани.” – стои во одговорот од Фондот за иновации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.