Вчера ја гледав жена ми додека спиеше. Прдеше, целата влакнеста и запуштена, како да сум се оженил со маж

Објавил: Македонка Димкин | 6 август, 2018 18:50

Каде исчезна оној мал меден и миризлив ангел?

Фото/Текст извор: ©Поглед

Одамна сум оженет со иста жена. Веќе 25 години го делиме брачниот кревет и имаме две прекрасни деца. Живееме во трособен стан, таа е невработена, па јас се снаоѓав и со дополнителна работа за да можам да ги школувам децата. Сега фалабогу и тие по нешто подработуваат па финансиски помагаат.

Вчера ја гледав жена ми додека спиеше. Хрчеше, испотена од жешково, со влакна под мишки и на нозе, па дури и се испрде. Станав и отворив прозор. После долго време не можев повторно да заспијам, па така ненаспан заминав на работа. Така гледајќи ја си помислив исплашено, ко до мене да лежеше маж а не жена. Па каде исчена оној мал меден и миризлив ангел? Се чувствувам излажано…

Фамилијата пред се , фото архива

Кога започна таа вака да се запушта? Уште после првата бременост! Со втората веќе беше деформирана. Се однесуваше како принцеза и цело време лежеше, не мрдаше со мал прст. Затоа тешко ги носеше бременостите и тешко се породи зошто беше многу улежана. И докторите истото и го велеа.
Отсекогаш сакав хармоничен брак без поголеми трзавици. Јас сум веќе маж во 50-тите години и никогаш не се запуштив. На работа се среќавам со секакви луѓе и жени. А има жени на кои им се допаѓам и тоа отворено ми го кажуваат. Па дури сум имал и непристојни ситуации во кои се обиделе да ми седнат во скут и да бидат интимни со мене. Досега не сум ја изневерил жена ми. Но вака гледајќи ја, понекогаш се прашувам дали грешев? Јас се жртвував за ова семејство, таа барем Да, се срамам од неа кога одиме по свадби и слави. А само кога ќе ми текне како изгледаше кога се земавме.Понекогаш го земам албумот со слики од свадбата само за да ја потсетам, но таа ми одмавнува со раката и се смее на тоа. Вели, тогаш била коска и кожа, дека инвестирала во себе и дека нема намера да слабее.
Толку, немам што повеќе да кажам. Така ми тежеше на душава, па сакав да ви се изјадам. Не дека утре ќе заминам да ја изневерам, штом досега не сум ја изневерил, сигурно нема ни во иднина, но ми е мака на душата. Ете…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.