Организмот го користи холестеролот за создавање на хормоните, витамините А, Д и Е, како и киселините во жолчното ќесе. Еден помал дел на холестеролот се наоѓа во крвта.

Објавил: admin@magazin | 31 јануари, 2020 22:48

Како да го намалите покачениот холестерол во крвта?

Фото/Текст извор: ©црнобело

Холестеролот е липид што се наоѓа во мембраните на клетките на сите ткива и е потребен за нормално функционирање на организмот. Тој спаѓа во групата на стероли, бидејќи во неговиот состав има комбинација на стероиди и алкохол. Мали количини на холестеролот се наоѓаат и во клеточните мембрани на растенијата и габите.

Организмот го користи холестеролот за создавање на хормоните, витамините А, Д и Е, како и киселините во жолчното ќесе. Еден помал дел на холестеролот се наоѓа во крвта.

Ако тој холестерол се акумулира на ѕидовите на крвните садови, може да запре или да се намали протокот на крв. Последиците за здравјето може да бидат големи, и во такви случаи количината на холестерол во крвта се регулира со помош на медицински препарати.

Според податоците на Светската здравствена организација, 54% од жителите на Европа, и тоа подеднакво мажите и жените, имаат зголемен лош холестерол. Притоа, само во петте најголеми европски економии, над 130 милиони луѓе имаат проблем со лошиот холестерол.

Организмот го користи холестеролот за создавање на хормоните, витамините А, Д и Е, како и киселините во жолчното ќесе. Еден помал дел на холестеролот се наоѓа во крвта.

Прехранбените влакна и пектинот го намалуваат холестеролот. За пектинот следува посебна статија, а за прехранбените влакна можете повеќе да прочитате овде.

Пектинот е супстанца која во организмот не се вари, таа само влегува и излегува од него, но при тоа со себе ги носи отровите и што е уште поважно маснотиите. Значи, пектинот го намалува холестеролот. Него го има најмногу во јаболкото. 

Прехранбените влакна ги има најмногу во лебот направен од цело зрно или со трици и во мешункастите растенија како на пример во леќата, гравот, боранијата, грашарот, па тие треба редовно да се консумираат. 

Се препорачува да се консумира посно говедско месо, а тоа значи да се отстрани секаква маснотија од него.

Млеко. Консумирајте млеко со мала масленост.
За намалување на холестеролот одлично е да се јаде повеќе зеленчук и овошје. Сите тие содржат многу прехранбени влака, пектин, витамини.
Треба да се консумира што повеќе лук и тоа свеж. Велат дека свежиот лук делува ефикасно против холестерол. Термички третираниот лук ги губи таквите својства.

Ако тој холестерол се акумулира на ѕидовите на крвните садови, може да запре или да се намали протокот на крв. Последиците за здравјето може да бидат големи, и во такви случаи количината на холестерол во крвта се регулира со помош на медицински препарати.

Се препорачува да се консумира риба барем два пати во неделата по 100 г .

Зошто? Затоа што, на пример, туната, лососот, содржат многу полинезаситени масни киселини од групата на омега-3 кои го спречуваат формирањето на плаките.

Инаку омега-3 масните киселини се наоѓа и во маслата од лен, коноп, соја, но и во оревите.
Намалете го кафето, а ако пак веќе не можете без утринско кафе тогаш пијте филтрирано кафе. Финските истражувачи покажале дека филтрираното кафе не го покачува холестеролот во крвта.

Се уште не им е познато кој е механизмот, но нивните испитаници го потврдиле тоа во практика.
Во последно време, многу се популарни семките од сусам, сончоглед, лен, тиква.  

Ако веќе се користи смеса од мелени семки, не е лошо да се знае дека тие се многу калорични и дека содржат многу маснотии. Овие маснотии се подложни на расипување, па затоа треба да се чуваат во ладилник, а најдобро е да се меле помала доза и почесто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...