СДСМ со внатрепартиска пропаганда како да го натераат членството да гласа "за" на претстојниот Референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 9:56

Како СДСМ ќе го “[от]купи” гласот “за” Референдумот од своите членови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што истакнуваат анонимни членови на СДСМ партијата има јасен концепт како да ја откупи нивната лојалност со што тие со сигурност би излегле на 30-ти септември и би гласале “за” на претстојниот Референдум за промена на името и негирање на постоењето на Македонска нација.

Имено од СДСМ веќе подолго време започна акцијата “вработување” со што на бројни категории граѓани нивни членови или активисти и поддржувачи им се јавуваат од централата со зборови дека и за нив пристигнал животот и дека за да добијат работно место се што треба е да аплицираат на посочениот конкурс.

Секако пред се следат и зборови на пофалба зошто токму тие членови се избрани и најчесто тоа е за покажаниот ангажман за предвремените избори за пратеници во 2016-та година или локалните избори во 2017-та година.

Иако целта е јасна. На повеќе од 500 огласени работни места на овој начин би се пријавиле и над 5.000 апликанти. Секој со различна приказна и голема “поддршка” од “горе”. 

Но како би имало гаранции на акцијата пред Референдумот од СДСМ ќе побараат апликантите и членови на нивните потесни и пошироки семејства со право на глас да гласаат “за” на Референдумот за промена на името со појаснување дека така продолжуваат во лојалноста кон партијата.

По Референдумот сосема логично од над 5.000 апликанти ќе се вработат само онолку колку треба без “појаснување” зошто и покрај ветувањето некој останал без работно место.

Дел од членовите на СДСМ ни истакнуваат дека ова не е политиката за која се залагале а ги има и оние кои ги одбиваат работните места понудени на овој начин со зборовите дека не се бореле за партиски вработувања преку телефон туку за нови вработувања преку јавен оглас со јасни критериуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.