„Кој ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер? Кој влегол и ја посетил Јанева? Тоа се знае. Се снима. Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ треба да одговори на некои прашања. Треба да се формира собраниска комисија. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.

Објавил: Весна Петровска | 10 септември, 2019 22:04

Калајџиев прашува: „Кој ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер? Кој влегол и ја посетил?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита, изјави вечерва на ТВ Телма Гордан Калајџиев, професорот по кривично право.

„Кој ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер? Кој влегол и ја посетил Јанева? Тоа се знае. Се снима. Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ треба да одговори на некои прашања. Треба да се формира собраниска комисија. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.

Предметите од Специјалното јавно обвинителство кои се во судска, истражна и предистражна постапка одат во рацете на Јавното обвинителство на Македонија, одлучи државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Претходно ЈО го добило писмото од Јанева од притвор во кое се предаваат предметите на СЈО во надлежност и натамошно постапување на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Професорот Калајџиев бара да се утврди како е дојдено до тоа писмо. Катица Јанева и понатаму е топ тема на политичката сцена, денеска тема и на лидерската средба.

Од исходот на вечерашната средба меѓу Заев и Мицкоски, зависи кога ќе се одржат продолженијата на комисиската и пленарната седница за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, која мора да биде разрешена најдоцна до 15 септември.

Премиерот Заев денеска изјави дека очекува на средбата со Мицкоски да биде покажана одговорност и да се направи обид за решавање на прашањето со Законот за јавното обвинителство. За инсистирањето на опозицијата да се разговара за предвремени избори, Заев истакна дека тоа е легитимно барање, но нагласи дека ова е неповторив период кога фокусот треба да се стави на полноправното членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

 

Претседателот на Парламентот Талат Џаери изјави дека доколку има договор, тогаш седниците би можеле да бидат закажани уште утре. Според него, мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешување на Јанева, а поради скратените рокови до 15 септември се очекува да биде донесен и Законот за ЈО за чие усвојување потребно е двотретинско мнозинство од пратениците.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.