Грците ќе ни го спасуваат името и идентитетот: Договорот за името на Македонија е „лош” и може да биде одобрен само преку референдум или преку избори

Објавил: admin@magazin | 3 јули, 2018 12:55

Каменос: Договорот за името може да се одобри само преку референдум или избори

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Одбележувајќи ја потенцијалната криза во владата, помалиот коалициски партнер во грчката влада, лидерот на Независни Грци (АНЕЛ), Панос Каменос, денеска изјави дека Договорот за името на Македонија е „лош” и може да биде одобрен само преку референдум или преку избори.

За време на прес-конференцијата во Министерството за одбрана, кое го води Каменос, водачот на АНЕЛ рече дека неговата партија нема да дозволи Договорот да оди напред без одобрение на грчкиот народ..

Не може да има процедури со НАТО ако референдумот не биде завршен во ПЈРМ и ако договорот не помине низ грчкиот парламент, рече Каменос.

Тој посочи дека договорот може да помине низ грчкиот парламент со засилено мнозинство , односно со 180 гласа во Парламентот од вкупно 300 пратеници.

Когаќе кажам дека луѓето треба да се прашаат, тоа се случува преку референдум или избори, рече тој.

Што се однесува на критиките за неговото отсуство од состанокот на Кабинетот на владата во понеделникот, Каменос тврди дека во тоа време имал средба.

Тој додаде дека ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО.

Политичката несигурност беше истакната во неделата, кога Том а Потами објави дека го напушта Движењето за промени (КИНАЛ) – политичка алијанса на централно-левичарски партии.

Веста за заминувањето на Потами предизвика разговор дека и владејачката СИРИЗА и главната опозициска Нова демократија би можеле да ја истражат можноста за соработка со центристичката партија чии шанси за самостојно преживување без формирање сојуз со друга политичка група се сметаат за мали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.