Ние не чуствуваме закана, но Скопје е за нас 20 минутна работа. Доколку војниците од тенковксата единица одлучат да ја преминат границата, ќе стигнат од другата страна на Скопје за 20 минути

Објавил: Македонка Димкин | 21 февруари, 2019 12:40

Каменос: Нашите тенкови ќе го прегазат „Скопје„ за 20 минути!

Фото/Текст извор: ©трт / магазин

Поранешниот министер за одбрана кој поради наводно несогласувањето со преспанскиот договор си поднесе оставка, во гостување на една Телевизија рече дека, кога би сакала Грција би можела да ја освои малата земја (мисли на Македонија) за дваесет минути.

» Ние не чуствуваме закана, но Скопје е за нас 20 минутна работа. Доколку војниците од тенковксата единица одлучат да ја преминат границата, ќе стигнат од другата страна на Скопје(мисли на Македонија) , за 20 минути ќе дојдат до Србија, изјави Каменост на грчката телевизија ТРТ

Каменос исто рече дека се чувствува измамен од премиерот Ципрас, кој требало да го донесе договорот за името во грчкиот парламент кон март. Тој  јавно се декларираше дека е голем противник на преспанскиот договор , но истиот ден кога се гласаше во парламентот за негоа протекоа снимки како слави со бузуки во некој грчки локал. Се е фарса коментираа тогаш на социјалните мрежи.

Тогаш е и прашање што му значи на Каменос оваа реторика „КОГА БИ, БИ„? Ако се игра по принцип на појакиот  редно е да ја споменеме и реториката на Турција чии политичари не често изјавуваат дека „кога би сакале, би ја згазиле грција за само 3-4 часа„ . Ако се знае овој факт, а  факт е дека Грција во однос на Турција е само еден мал инсект, тогаш се поставува прашањето зошто Грција се трупа со толку оружје кога Македонија може да ја освои за 20 минути а од Турија може да биде прегазена за само 3-4 часа?

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.