Канческа Милевска е за амандманска расправа за уставни измени, иако од предложените 4, моментално во игра се дополнителни 4 нови амандмани со кои не е запознаена

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 6:38

Канческа Милевска: Мене никој не може да ме исклучи од партијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска во синоќешното гостување на 1 ТВ рече дека таа не го прифаќа исклучувањето од ВМРО – ДПМНЕ кое беше донесено на Централниот комитет.

Поранешната пратеника од редовите на ВМРО – ДПМНЕ смета дека партијата го нема тоа право.

Одлуката ја донесов свесно, совесно и без никаков притисок. Тоа се сериозни обвинувања, повикувам секој кој има докази за такво нешто, да ги достави до обвинителството. Жалосно е да се фрла една таква сенка, за било кој, и за мене, бидејќи одлуката јас сум ја разговарала и со пратениците и со Мицкоски.

Од што да се амнестирам? Јас имам еден предмет од СЈО и си одам на сите рочишта и никогаш не би го вклучила тој момент во вакво прашање. Жалосно е да се манипулира со ова прашање. Тие треба да се извинат.

Во јавноста се вели дека ВМРО -ДПМНЕ има став по ова прашање. Јас не сум слушнала став. ВМРО – ДПМНЕ не е лична своина на никого. Се создала инфраструктура и треба да бидеме благодарни на секој од нас и на секој член. Мене никој не може да ме исклучи. Јас не го прифаќам тоа исклучување, јас треба да видам документ врз основа на што сум исклучена, што погрешно сум направила. Погрешно сум направила што сум сакала да влезам во амандманска расправа? – вели Канческа Милевска.

Канческа Милевска потврди дека не ги знае амандманите, но не е информирана за осумте нови од БЕСА и Алијанса за Албанците.

За да бидам прецизна – ние се уште немаме видено амандмани, некои насоки се дадени од страна на Владата и ние спомнавме некои наши насоки, но едно е насока а друго е да се во една амандманска расправа и се надевам и тоа ќе го побарам, да се вклучи пошироката јавност, да има јавна дебата, да се вклучат експерти, професори по меѓународно и уставно право, ние пратениците, односно сите оние кои навистина сакаат да се вклучат во овој процес. – истакна Канческа Милевска.

Канческа Милевска од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е прво осомничена во случајот “Тендери” поврзан со петгодишниот проект “Скопје 2014”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.