Кога Канческа Милевска треба да координира, дали ќе гласаат за "отпуст" на Груевски и законот за амнестија, СЈО молчи а судиите од Кривичниот Суд во Скопје се службено отсутни

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 13:31

Канческа Милевска се “координира” за Законот за амнестија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната министерката за култура и актуелна пратеничка во Собранието, Елизабета Канческа Милевска, изјави дека денеска во законодавниот дом ќе имаат координација за законот за амнестија.

Пратеничката група на одметнати пратеници ќе го разгледува поднесениот Закон од страна на ВМРО-ДПМНЕ, по што новоформираната пратеничка група ќе одлучи дали ќе го поддржи.

Во однос на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски, Канческа не се изјасни дали ќе гласа за негово одземање.

Новиот координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, претходно изјави дека ќе настапуваат како една пратеничка група, зошто, како што нагласи, постоењето на повеќе групи не наишло на она што очекувале.

Тој нагласи дека наишле на непочитување на деловникот и недавање можност да се искаже сето она што требало.

Во меѓу време одложено е рочиштето за случајот „Тендери“ на СЈО, кое денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд во Скопје.

Одложувањето е поради службено отсуство на претседателот на Советот, Осман Шабани. Следното рочиште е закажано за наредниот петок 9. ноември, кога ќе сведочат Томе Божинов и Саша Бошев.

Во случајот „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.